ebook img

Da ne se zaboravi : spomenici i spomen belezi od nov vo Skopje PDF

216 Pages·1982·17.838 MB·Macedonian
Save to my drive
Quick download
Download
Most books are stored in the elastic cloud where traffic is expensive. For this reason, we have a limit on daily download.

Preview Da ne se zaboravi : spomenici i spomen belezi od nov vo Skopje

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ Едиција: ПОСЕБНИ ИЗДАНИЈА КОМИСИЈА ЗА МЕМОАРСКА ГРАЃА И ИЗ- ДАВАЧКА ДЕЈНОСТ ОД НАПРЕДНОТО РА- БОТНИЧКО И РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕ- ЊЕ, НОВ И СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА РЕВО- ЛУЦИЈА НА АРХИВОТ НА СКОПЈЕ Ванчо Унковски — претседател Гоце Инадески — секретар Крсто Здравковски Митре Инадески д-р Мнлош Константинов Стјепан Мисаиловиќ Јован Павловски Проф. Славка Фиданова ФОТОГРАФИИ: Од фототеката на Архивот на Скопје и следните автори: Киро Георгиевски, Крсто Здравковски и Томе Ристевски Издавач: АРХИВ НА СКОПЈЕ Иницијатор и организатор на издаѕањето: ГРАДСКИ ОДБОР НА СЗБ ОД НОВ НА СКОПЈЕ АРХИВ Н А СКОПЈЕ КРСТО ЗДРАВКОВСКИ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН БЕЛЕЗИ ОД НОВ ВО СНОПЈЕ СКОПЈЕ, 1982. Редакција: ЖИВКО ВАСИЛЕВСКИ КУЗМАН ГЕОРГИЕВСКИ БАНЕ КОВАЧ ВЕСЕЛИНКА МАЛИНСКА ДРАГИ ТОЗИЈА Главен и одговорен уредник: МИТРЕ ИНАДЕСКИ БЕЛЕШКА ОД ИЗДАВАЧОТ Архиеот на Скопје, покрај тоа што се занимава со истражу- еање, собирам>е, обработување и депонирање на архивска граѓа, по- долго време се занимава и со издавачка дејност на документација и други публикации што имаат помалку или повеќе допирни точки со историското минато на градот. Наспоредно со оеа Архивот, со акгиена поддршка на Градскиот одбор на СЗБ од НОВ на Скопје, се зафати со публикување на одделни монографии, зборници, хро- нологии, албуми и други трудови што придонесуваат за натамош- но осветлување и запознавање на широката јавност со револуцио- нерното движење на работничката класа и другите прогресивни сили во Скопје во периодот на предвоена Југославија и во текот на На- родноослободителната војна. За реализација на оваа задача, што с ео континуиран тек, беше изготвена посебна програма. Оттаму и овој труд на Крсто Здравковски, што е посветен на споменичното одбележување од Народноослободителната војна и револуцијата во Скопје и Скопско, претставува посебен прилог кон презентирање на сето она што досега на соответен начин е одбележано, а се однесува на најсветлиот период од нашето минато. Скопје и неговата околина богати се со многу културно-исто- риски споменици и спомен обележја од подалечното и поблиско ис- ториско минато кои се посеегени на се ока што се случувало на не- говото подрачје. Добар дел од нив се посветени на одделни личности кои со своите дела оставиле длабока револуционерна трага за на- шите народи и народности. Во овој труд се дадени спомениците и спомен белезите само од времето на Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција што се изградени и откриени до јули 1982 година. За секој споменик и спомен белег авторот дава посебен опис на настанот или личноста, времето на настанот, местото каде тој се наоѓа и неговото обликување. Исто така се приложени и соод- ветни фотографии. Сите споменици и другите спомен белези се поделени во осум поглавја и тоа: Споменици од НОВ и Револуција- та; Спомен куќи од НОВ и Револуцијата; Настани од текот на НОВ и Револуцијата; Спомен белези на куќите ео кои живееја и работеа истакнати револуционери ео текот на НОВ и Револуцијата; Спомен белези посеетени на загинати револуционери и други исгакнати бор- ци; Спомен чешми од НОВ и Револуцијата; Спомен бисти на револу- ционери и други истакнати борци и на крајот даден е прилог на спомен белези кои биле откриени порано, но за време на земјотре- сот во Скопје ео 1963 година се урнати или отстранети ео текот на урбанизацијата на градот. Во подготвувањето на овој труд, покрај непосредните истражувања авторот користел објаеени монографии, хронологии и друго, како и писмени сеќавања на оделни учеснии,и 5 во НОВ и Револуцијата што се паоѓаат во Архивот на Скопје и разни други материјали и документи што се наоѓаат во Сојузот нл здруженијата на борците, Заводот за заштита на спомениците на културата на Скопје, Градскиот музеј на Скопје и во разни други институции и претпријатија. Несомнено, преку овој труд на Крсто Здравковски, се дава це- лосен преглед на се она што е сторено досега во Скопје и околи- ната во областа на трајно одбележување на многубројните историс- ки настани и личности, што беше и обврска на градот. Истоеремено овој труд претставува и своевиден водич за спомениците и спомен белезите. Посебно треба да се истакне дека реализирањето на овој труд е овозможено со сесрдна материјална помош на Самоуправната инте- ресна заедница на културата на град Скопје. Затоа Архивот на Скоп- је и авторот и искажуваат голема благодарност и во оваа прилика. 6

See more

The list of books you might like

Most books are stored in the elastic cloud where traffic is expensive. For this reason, we have a limit on daily download.