ebook img

Covekot i Bog, Igrata i Tancot PDF

121 Pages·2021·3.228 MB·Macedonian
Save to my drive
Quick download
Download
Most books are stored in the elastic cloud where traffic is expensive. For this reason, we have a limit on daily download.

Preview Covekot i Bog, Igrata i Tancot

Човекот и Бог, Ч о в е к Играта и Танцот о т и Б о г , И г р а т а и Т а н ц о т Д е ј а н С м о к о в с к Дејан Смоковски и Дејан Смоковски ЧОВЕКОТ И БОГ, ИГРАТА И ТАНЦОТ Печатена во земјата која е добра со сите, а со неа никој. © Дејан Смоковски, 2021 Сите права се задржени. Печати: Студентски Сервис - Скопје Графички дизајнер: Бојана Гиговска CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-1 СМОКОВСКИ, Дејан Човекот и Бог, Играта и Танцот / Дејан Смоковски. -Скопје : Д. Смоковски, 2021. - [121] стр. ; 20 см ISBN 978-608-245-688-1 COBISS.MK-ID 54057733 Дејан Смоковски ЧОВЕКОТ И БОГ, ИГРАТА И ТАНЦОТ Скопје, 2021 ПРЕДГОВОР Во раниот 21-ви век, човекот истражува за нешта кои се зависни од времето, зависни од контекстот. Сето тоа што денешниот човек го истражува и сето тоа што денешниот човек го прави, нема да важи и нема да е вистинитост во друго време и друг контекст. Сето тоа со што денешниот човек се бави, е само дел од времето во кое тој човек е присутен. Денешните нешта не важат за минатите нешта, нитy пак денешните нешта ќе важат за идните нешта, но сепак денешните нешта се исто толку многу важни како и сè останато во универзумот. Оваа книга не зборува за нештата кои се зависни од времето и контекстот на човекот. Оваа книга, како и многу други низ историјата на човекот, зборува за нешто што отсекогаш било и отсекогаш ќе биде, а на времето останува како човекот ќе гледа на овие нешта. Во обид да дадам предговор кој, според мене, ќе биде задоволувачки за оваа книга, на ум ми доаѓа само една фраза. „Обидот да се дефинираш себеси е како обидот да ги гризнеш своите заби“ – Ален Ватс. Навистина, огромна тешкотија ми претставува да ја опишам оваа книга. Оваа книга доаѓа од деловите на мојата психа кои се нејасни за мене, исто како што, уметникот кој црта, тоа што го црта не знае од каде доаѓа, едноставно доаѓа. Стилот на пишувањето, може да делува чуден, но стилот на пишување за оваа книга е тој, а причината, и мене не ми е јасна. Можеби доаѓа од деловите на мојата психа кои се спротиставуваат на авторитетните закони и правила, можеби доаѓа од деловите на мојата психа кои се креативни и необични, а можеби и доаѓа од деловите на мојата психа кои бараат внимание. Сето тоа не можам јас да го кажам, тоа останува на читателот и критичарот. Но можам следново да го кажам со сигурност. Оваа книга во својата суштина е философска. Таа иако во себе содржи елементи на психологија, социологија, екологија, лингвистика и други, сепак духот на книгата е философски, исто како и мојот. Секако, ти како читател, можеш да го проектираш и твојот личен дух, со што можеби ќе најдеш и други жанрови. Пораката која оваа книга ќе ја прати, јас не можам да ја знам. Но ќе го кажам следново. Оваа книга не е сериозна. Тоа значи, оваа книга не е академска ниту пак е научна. Оваа книга е проекција на забавата во мојот ум, забавата со целото постоење и целата суштина на кој сум, или кој е. Се надевам оваа книга, ти како читател, нема да ја сфатиш сериозно на ниеден начин, туку ќе ја гледаш како што ја гледаш водата, дрвјата и сиот свет. Но доколку оваа книга ја сфатиш сериозно, на ум ми паѓа една приказна. „Некогаш си бил некој познат философ и учител кој се посветил да учи Зен многу години. Денот кога конечно се просветлил, ги изнел сите книги во дворот и ги запалил“. Дејан Смоковски ДО МОЕТО СЕМЕЈСТВО КОЕ ГО СРЕЌАВАМ САМО ЕДНАШ

See more

The list of books you might like

Most books are stored in the elastic cloud where traffic is expensive. For this reason, we have a limit on daily download.