РЕДАКЦИЈА Коста Бојаџиевски извршен уредник Александар Ежов Никола Тодоров директор Иван Чаповски БЛАЖЕ КОНЕСКИ БЛАЖЕНА ГОРА ЗЕЛЕНА АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ЛИРИКА МАКЕДОНСКА КНИГА СКОПЈЕ — 1986 CIP, Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје 398. 8(497. 17) 398. 8(497.17) (049. 3) БЛАЖЕНА гора зелена: антологија на македонската народна лирика / [собрал и подготвил] Блаже Конески. — Скопје: Македонска книга, 1986. — 383 стр.; 20 СМ Предговор / Блаже Конески: стр. [7]—12 . — Речник на понепознатите зборови: стр. 385—392. 1. КОНЕСКИ, Блаже Уводна белешка Оваа антологија излезе прзпат во 1945 година под нас- лов „Збпрка на македонски народни песни“. Второто издание (без предговорот) се појави во 1947 година. Во малку скратен вид таа беше преведена и издадена на хрватскосрпски (Ma- kedonske narodne pjesme. Preveo i obradio Jure Kastelan. Zagreb-Beograd 1948). Таа послужи и за еден мал избор во ан- глиски превод (ЅопSongs from Macedonia. Translated by Andrew Harvey. Ann Penington. Oxford 1978). Идејата беше да се состави една збпрка на поезија, ос- лободена од етнографски и фолклористички референци, за да може читателот најспонтано да пристапи кон текстот. За- тоа и поделбата на циклуси е направена без оглед на кла- сификациите на лирските народни песни сврзани со нивното исполнување на определени празници, при обреди или при се- зонски работи. Беше извршена и извесна нормализација на ја- зикот на песните, зашто во времето кога оваа збирка излезе се чувствуваше голема потреба од текстови на изедначен маке- донски јазик. На сегашното издание му е даден нов, попоетичен нас- лов. Во предговорот е извршено обновување на правописот и се изменети или испуштени неколку збора. Слични интер- венции се направени и во речничките објаснувања на крајот. Б. К. ПРЕДГОВОР 1 Сакав антологијава да се чита докрај како книга песни од еден велик поет. Таа затоа и не е замислена да биде општ преглед на нашата народна поезија, по циклусите. Целта беше друга: да се претстави нашата народна поезија преку најубавото и вистински уметнич- ки издржаното во неа, за да се изјави чисто нејзи- ната голема вредност. И дека се најубави, овдека се одбраа само нашите лирски и лирско-епски песни. На народната поезија не треба да се гледа само како на материјал за научен историски и поредбен разбор, а треба да се гледа и од чисто естетска стра- на. И баш ова второто е многу попредно кога сакаме да му дадеме на народот да ги чита своите песни. Но при составувањето на оваа антологија не помала уло- га играше и друг еден момент. Народната поезија го кажува животот на народот. И требаше преку избра- ниве песни да се сети колку што може појасно како историскиот пат на македонскиот народ, така и лич- ниот живот, во најтипичните негови пројави, на ма- кедонскиот човек. Таа замисла требаше да се спроведсе низ подборот и подредувањето на одделните песни. 7 Долгото ропство под Турците има оставено тврд печат на животот од нашиот народ и на неговите песни. Затоа во антологијава се дадоа на прво место баладите, од коишто едни укажуваат направо на тоа ропство, а сите заедно се поврзани со основно таговно настроение. Циклусот на ајдутските песни по нив, от- крива уште една страна од ропскиот живот — раз- мирици, насилби, несигурност, и тесно преплетен со нив, но сепак виден — индивидуален бунт, и една незагасната традиција на јунаштво. На тој темен фон веќе понатаму се даваат песните за личниот живот на човека — од првите пролетни претчувствија, пре- ку страсниот копнеж и љубовните разговори меѓу мла- дите, така како што се раѓа среќата и маката од љубовта, така како што, по стар ред, иде стројот, свад- бата и брачниот живот. Тоа е личната драма на Ма- кедонецот. Смешните песни, зад ова, го гледаат сето тоа, и крвта и веселбата, од една друга рамнина. По- натаму следат песните со печат на поново време, — пе- чалбарските, последен и трогателен одглас на песните од разделба, па оние во коишто се чувствуваат веќе проблесоците на младата македонска национална про- буда, првите песни за индивидуалниот бунт против турското економско и политичко ропство, дури да се дојде до револуционерните песни, кај што се опева- ни борбите и хероите на нашиот народ од Илинден, и на крајот до песните на нашите партизани. Така се дава една линија за животот на македонскиот народ низ ропството — до денот на неговото национално ослободување. 8 2 Дали можат да се сетат извесни основни движења, како пулс, што ја проникнуваат нашата народна ли- рика? Да ги земеме за пример најинтимните, љубов- ните песни. Во нив има страстен здив, чулност што напина и мачи — но сето тоа е впрегнато во таков израз, што во истото време дава белег за пречисте- ност и длабочина на чувството. Никаква сировост. Ту- ка силниот изблик на љубовната страст се превива во една форма што изненадува често со својата ис- танченост и богатството: Ја опули се, девојче, на ваа тука планина, што магла има на неа! Да не ја речеш од бога, туку да речеш од мене. Тоа се мојте здиови, што здивам јаска за тебе, а ќе изгорам крај тебе! По таков начин секогаш останува недоиска- ж а н о т о. Нешто спотаено шуми, како што шуми тре- вата ноќе. Свршеницата има да му каже на својот љубим на умирачка само еден збор: „Јас за тебе си умирам“. И тоа е карактеристично за нашата народна песна, не само за љубовните: таа не зборува многу, не опишува. Таа ги бара брзо силните лирски мо- менти, и врви по оној напон на оптегнат лак пред да пукне. А недоискажаното нѐ жеже најчесто со една елегичност, и тоа е основната нота на наша- та народна лирика. Таа избива највидно токму во оние 9 песни што се најмногу наши — печалбарските, пес- ните за разделба, но таа може да се забележи дури и во некои „смешниа песни. Да ја поредиме само пес- ната како се женел куси врабец за девојка подмрежица со онаа тажна песна кога помалото деверче не мо- же да ја одбрани невестата од ајдутите, — и тоа ќе ни стане сосем јасно. Едно друго основно чувство се има од нашите на- родни песни. Тоа човек и на нејќена го сетува во еден момент и тоа може да се нарече — нивна в и с - т и н и т о с т. Не можеш да се отргнеш од мислата дека се во животот било така како што е кажано во п е с н а т а. Тоа е верно, да, за секоја вистинска, непосредна поезија, но фактот што од нашата народ- на лирика го сеќаваме тоа со особена јасност, говори сам по себе за нејзината голема уметничка вредност. Вистинитоста на одделни слики е толку силна, што неволно ги восприемаме не само како поетски израз, туку како жива реалност: и кога се кажува како затво- реник со крвта своја хранел пиле соколе, си велиш — така било; и дури во фантастичното, кога само- вилите го присилуваат мртвиот свирач Стојан да им свири, и кога плаче гората, ќе помислиш неволно — та- ка било! Треба да ги одделиме нашите печалбарски и ре- волуционерни песни. Кога другите јужнословенски на- роди беа добиле веќе слобода и развиле своја уметнич- ка поезија, и кога кај нив опадна народното творештво, македонскиот народ, поробен и понатаму, ја опеваше својата судбина со истата сила и непосредност; Тој беше создал прекрасна песна за детето со ѕвезда на чело, што ќс му земс „на крала кралство“ и „на цара царствои, мил образ лелеан во народот како 10